Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах продолжува со својата импресивна сезона. Египќанецот постигна гол за победата од 2-1 над Манчестер Сити во реванш-дуел од 1/4-финалето на Лигата на шампионите и му помогна на својот тим да се квалификува во најдобрите 4 на турнирот. Тоа беше негов 39-ти гол во сезоната, но тој скромно рече дека само се обидува да игра за тимот.

„Манчестер Сити нè притискаше високо и создаде многу гол шанси, но се вративме, игравме напорно и дојдовме до заслужена победа. Ние постигнавме гол за 1:1 во вистинско време, бидејќи тогаш бевме под притисок, Манчестер Сити притисна цврсто. Го повторувам истото многу пати: играм за тимот и заради тимот, за да може да победи. Ова е најважното нешто за мене. Не сакам да си препишувам повеќе заслуги од останатите од тимот. Мило ми е што одиме напред, но да не брзаме и да мислиме за финалето“, рече египетското крило на Ливерпул.