Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски манипулира со жителите на општината.

– Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница ја донесе одлуката за долгорочно кредитно задолжување на Општина Гази Баба се со цел жителите на населеното место Јурмлери да добијат вакуумска фекална канализација. Благодарение на јавната дебата иницирана од нас како советници на ВМРО-ДПМНЕ жителите на Јурумлери ќе добијат комплетно бесплатна фекална канализација. Ја информираме јавноста, дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во наредниот период со одлуки на Советот на Општина Гази Баба ќе иницира:

1. Решавање на проблемот со ниската и високата зона на водоводната мрежа во населбите Железара и Автокоманда;
2. Решавање на проблемот со атмосверска канализација во населба Триангла;
3. Реконструкција на водоводната мрежа за населеното место Кирил Петрушевски;
4. Изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица за Црешево, Смилковци, Виниче, Булачани, Раштак и Брњаци;
5. Изградба на канализациона мрежа на населените места, Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Идризово и Дрма;
6. Реконструкција на водоводна мрежа и атмосферска канализација за Маџари и Ченто;
7. Изградба на нова училишна зграда за основното училиште „Крсте Мисирков“ во населба Ченто;
8. Решавање на проблемот со топловодно греење во населба Хиподром и Триангла;
9. Изградба на нова детска градинка во населено место Стајковци, Трубарево, Инџиково и Керамидница;
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во декември го усвои буџетот за 2018 година и предвиде сретства за реализација на овие проекти, рече Бојковски.

Тој го повика градоначалникот да започне со работа и со реализација на ветените проекти бидејќи поминаа 4 месеци од неговиот мандат, а се уште нема реализирано ниту еден проект.