Сомнителните тендери, создавањето монополи и остарувањето на криминални и бизнис интереси на поединци беше главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и токму поради таквиот однос на таа партија здравствениот систем беше срозен, а медицинскиот персонал потценет.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога се набавуваше лабораториска опрема која се уште не е во употреба заради несоодветноста и чија цена е далеку од реалната пазарна вредност, Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство со новиот начин на набавка имаат за цел да овозможат заштеди и подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

Преку централизираната набавка ќе се овозможи рационализација, избегнување на двојни анализи и ќе се воведе електронски систем во лабораториите. Како резултат на тоа, набавките ќе бидат по мерка, а на тој начин и јавноста ќе биде информирана како се трошат парите на граѓаните. Сите заштеди што ќе се создадат ќе бидат инвестирани во платите на здравствените работници и во нови иновативни лекови.

Индивидуалното носење одлуки на дел од поранешните директори во јавните здравствени установи кулминираше со кривични пријави за  начинот на набавка на медицинска опрема и затоа, лицемерно е денеска ВМРО- ДПМНЕ да зборува за криминал.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство работат одговорно, транспарентно и посветено во процесот на градење на квалитетен и ефикасен здравствен систем којшто овозможува квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.