Во седиштето на владејачката партија започна состанок на Централниот одбор на кој се очекува да биде усвоен финансискиот извештај на партијата од минатата година.

Неофицијално на состанокот претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев меѓу другото ќе информира и за реконструкцијата на Владата како и за проширување на владината коалиција.

На состанокот ќе се расправа и за динамиката на процесот за решавање на спорот со Грција околу името.