Дневната милја (или во оригинал – Daily Mile), e генијална идеја на една поранешна учителка во Стирлинг, Велика Британија која станала глобален тренд.

Елејн Вили, која благодарение на оваа идеја е прогласена за учителка на годината, осмислила едноставна идеја со која се надминува кризата со дебелината на училишните деца, а се подобрува и нивото на концентрација на децата. Освен тоа, на децата им е ова супер забавно.