Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашното гостување во емисијата ClickPlus на 21 Тв изјави дека значително е намален бројот на сообраќајни незгодин

“Наша цел е да имаме значително намален број на сообраќајни незгоди. Јасни се статистиките за сообраќајни незгоди во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година:

– Намалување за 21% на сообраќајни незгоди;
– Намалување за 36% на загинати лица;
– Намалување за 75% на загинати пешаци;
– Намалување за 47% на незгоди со тешки телесни повреди;

Ваквото значително намалување се должи на континуираните контроли коишто ги прави полицијата.” рече Спасовски.