Секој што ќе излезе од земјава треба да потпише изјава дека нема да се врати во земјава три месеци, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски на новинарско прашање денеска на прес конференција во Владата.

– Ова е заклучок донесен на денешната владина седница. Секој граѓанин ќе потпише изјава дека 3 месеци нема да се врати во државата. Апелирам до сите да ги одложат патувањата. Да не пркосат на борбата против вирусот, туку да се приклучат. Мора да имаме ситуација во која никој не може да биде комотен. Ако сакаме комодитет, сите треба да ги почитуваат мерките. Ние велиме одложете ги патувањата, а некои граѓани си тргнале на пат пред 3-4 дена зашто што имале карти за патување – рече Спасовски.