Раководството на Српска листа ја усвои иницијативата за напуштање на Владата во Приштина по вчерашниот инцидент кога директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, беше насилно депортиран назад во Србија.

За оваа одлука Српска листа денеска ќе го информира претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Нема никаква смисла дијалог во вакви околности, кога на народ со голи раце се иде со куршуми во цевка и на зборови со ѓонови и чизми, додека се врши институционално насилство врз граѓаните – изјави вчера претседателот на партијата, Горан Ракич.