Ноќеска околу 01.10 часот на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје, од страна на полициски службеници било пронајдено 12-годишно дете – штитеник на Домот „25-Ти Мај“, кое било пријавено за исчезнато.

Детето било предадено на полициски службеници од Одделението за малолетничка деликвенција Чаир за понатамошна постапка.