Децо успеавме!
200 донирани компјутери од кои последните 100 се за шест месеци!
198 – Свети Николе
199 – Охрид
200 – Кавадарци
Кавадаречкиот е приказна за себе. Ќе оди во семесјтвото каде го дадовме првиот дониран компјутер. Тоа беше доста утепана машина и се чудам како дотраал до сега.

Оваа дупла донација е исклучок и така ќе остане.
Мала статистика:
– 200 донирани компјутери.
– Ако се земе дека пазарната вредност на овие 200 компјутери комплет со екран, тастатура и глувче е околу 3000 денари, тогаш сме донирале опрема во вредност од околу 600,000 денари.
– потрошени повеќе од 400 работни часа за средување шо во парична вредност би било околу 250,000 денари.
– За проверка и контрола на исправност на донесени околу 400 компјутера потрошени се околу 200 работни часа шо во паричен износ би било околу 60000 денари.
– Потрошен занемарлив износ за плаќање карго онаму каде имало потреба.
– Отпадот прописно одлаган во Нула отпад како би се заштитила околината од електронскиот отпад.
Кога ќе ги земам во предвид среќата и радоста предизвикани од нашава акција гореспомената статистика воопшто не е ни важна. Одиме ли до 300? 🖤🥳✊
#ДонирајКомпјутер

 

ФБ статус на Борче Стаменов (Донирај Компјутер)