Кина не треба да се покаже слаба во трговскиот спор против „насилници“ како што е американскиот претседател Доналд Трамп, смета нобеловецот Џозеф Стиглиц.

Според него, покорувањето на Кина би довело до се повеќе и повеќе барања.

– Особено кога имате насилник како Трамп, не би било добро да се реагира на слаб начин. Покорување во трговска војна може да води до се поголеми барања, рече Стиглиц во интервју за телевизијата „Блумберг“.