Во неделата, во сообраќајна несреќа во општина „Ѓорче Петров“ беше повредено десетгодишно момче, кое за среќа е надвор од животна опасност, но поради сериозноста на повредите сè уште е во болница. Револтирани од настанот жителите од оваа населба излегоа на улица да протестираат против лошиот сообраќаен режим.

Денеска со почеток во 18 часот повторно ќе се протестира против сообраќајниот хаос пред ОУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров.

„Ги повикуваме жителите на Ѓорче Петров на мирен протест на улицата „Борис Сарафов“ пред ОУ „Мирче Ацев“ за регулирање на сообраќајниот хаос и поставување на лежечки полицајци и семафор на самата улица со цел зголемување на безбедноста на сите граѓани“, стои во повикот на загрижените граѓанки и граѓани.