Поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески од денес официјално стапи на новата должност, директор на Царинската управа.

“Денес и официјално стапувам на нова должност. И во новиот професионален предизвик продолжувам чесно, посветено и транспарентно да служам на интересите на граѓаните и државата.

Ќе сторам се’ да ја оправдам укажаната доверба. Упатувам благодарност на досегашниот директор за неговиот ангажман во Царинската Управа. Можеме уште повеќе и уште подобро! Нови професионални успеси за подобра иднина!” напиша Сугарески на ФБ.