Сугарески и Николовско во посета на граничниот премин Блаце

5

Заедно со Заменикот на Претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денес бев во посета на граничниот премин Блаце, каде одржавме работен состанок со шефот на царинската испостава Блаце.

Царинската управа како институција која го штити македонското стопанство и ја унапредува меѓународната трговија треба да биде пример за исполнување на законите, спречување на корупцијата и криминалот. Во таа насока, на состанокот се дискутираше за новитетите кои што се воведуваат за зајакнување на контролните механизми во нашата држава преку кои ќе се унапредат процесите на системско функционирање на државата, а се однесуваат на воведување на задолжително поднесување на анкетни листови од проширена група на вработени во јавниот сектор.