Судското рочиште за предметот „Титаник“ беше одложено бидејќи на него не се појави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поради влошена здравствена состојба. Одбраната достави лекарска документација за отворено боледување.

Во предметот „Тенк“, за Јанкулоска се води издвоена постапка поради ризичната бременост, а за Титаник досега не е побарано издвојување. „Титаник“ продолжува на 3 јули.

Во „Титаник“ покрај Јанкулоска, обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година се: Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.