Во организација на СУМ – Сите за унитарна организација (Светски Македонски Конгрес, Македонски Манифест, ПРЕРОДБА, НАШИ, Христијанско братство, Македонско патриотско здружение „Васил Чакаларов“, КОД, НИЕ, БРИГАДА, Тврдокорни) пред Министерството за надворешни работи во Скопје се одржува мирен протест на граѓани од Република Македонија.

Тие преку протестот го изразуваат, како што велат, незадоволството од преговорите на македонската влада со Грција за промена на името.