Успешното справување со коронавирусот, што е резултат на вложувањата на Владата на СДСМ во здравствениот систем, во целост ги оправда нашите политики кон здравството, како еден од основните општествени столбови, рече на денешната прес-конференција, Претседателот на ОО СДСМ-Прилеп, Миле Талевски.

Го подобруваме јавното здравство, услугите за пациентите и работните услови за здравствените работници. Ги зајакнуваме професионалните капацитети на лекарите и медицинските сестри. На здравствените работници им овозможивме услови, својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

За својот несебичен и професионален ангажман, хероите од првите борбени редови во битката со Ковид-19, ќе добијат награда од 20 отсто од основната плата за 2 месеци. Наградени ќе бидат сите работници вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирус: докторите, медицинските сестри, болничарите, транспортерите, возачите во службата за итна медицинска помош, вработените во сите Јавно-здравствени институции, болниците, во институтите каде се правеа испитувањата. Никој нема да биде заборавен, додаде Талевски.

Владата на СДСМ инвестираше во човечкиот капитал во здравството: за период од две години дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи и повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации.

Од септември 2018 до февруари 2020 година, 4 пати е зголемена платата во здравството. Основната плата на лекарите специјалисти е зголемена за 40 отсто, на медицинските сестри до 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, а на останатите здравствени соработници за 15 отсто.

Исто така, за 15 отсто е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, а за првпат, Владата на СДСМ ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

Ги надминавме децениските проблеми со лековите и ги направивме достапни за сите граѓани, и во секое време. Укинати се квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум државата и денеска граѓаните повеќе не се грижат дека ќе останат без терапија.

Инвестиравме во реконструкција и обнова на одделенијата, амбулантите, операционите сали, во нова современа медицинска опрема и возила за здравствените установи.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ, цели 12 години го деградираше здравствениот систем и ги понижуваше здравствените работници. Криминалните политики на бегалецот Груевски, ги избркаа нашите доктори надвор од сопствената држава..

Денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМЕ се продолжувачи на истите тие расипнички политики. Свесни за поразот, бегаат од изборите кои сами ги бараа, иако се исполнети условите за нивно одржување. Сакаат нови кризи и нефукционални институции.

Нема да им дозволиме. Избори ќе има, во првиот можен рок и според сите безбедносни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните.

Продолжуваме со изградбата на нова економија, подобар здравствен систем, зголеменa куповна моќ на граѓаните и институции кои ќе се справат со новиот есенски бран на коронавирусот.