Новиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на aлијансата, Јенс Столтенберг.
Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. По церемонијата, следеше состанок на амбасадорот Талески со Столтенберг.
Со предавањето на акредитивните писма и официјално почнува мандатот на Талески како прв постојан претставник на Република Северна Македонија откако нашата држава стана 30. полноправна членка на НАТО на 27 март минатата година.