Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Приштина се сретна со претседателот на Косово Хашим Тачи. Како што пренесуваат косовските медиуми, тие разговарале околу процесите на интеграција на Македонија и Косово во ЕУ и НАТО.
„Решавањето на спорот со името и членоството на Македонија во НАТО е од интерес за регионот“ рекол Тачи, пренесе весникот „Бота сот“.
Според весникот, на средбата косовскиот претседател оценил и дека многу е значајно регионот во целина да оди напред, што би допринело до јакнење на мирот и стабилност на Западен Балкан.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со неговиот домаќин, рекол дека тесната соработка на лидерите на Албанците, овозможило и подобрување на положбата на Албанците во Македонија.