Во Буџетот на Република Македонија има одлична наплата на приходите, има одлична ликвидност, а настојувањето на Владата е реализација на капиталните расходи, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски на прашање  дали се подготвува ребаланс на буџетот.

– Секоја година претходно се првеше ребаланс на Буџетот. Нема година кога Македонија не направила ребаланс и во најголем дел се правени заради слаба наплата на приходите. Во моментов имаме одлична наплата на приходи, но секако дека размислуваме како подобро да ги распоределиме средства. Кога ќе имаме подетални информации ќе излеземе во јавноста – рече Тевдовски.

Тој додаде дека има одлична ликвидност и оти главната битка е да има реализација на капиталните инвестиции.

– Во моментов нашите настојувања, но практично правиме и притисок врз сите да ги реализираат капиталните инвестиции, бидејќи приходите ни се соодветно на проекциите. Апсолутно имаме одлична ликвидност и главната битка е да имаме реализација на капиталните инвестиции -рече Тевдовски.

Тој информира и дека се договараат нови инвестиции како со ЕБРД кои ќе и дадат можност на екномијата да оди напред.