Темелковски: Направен е план за изградба на нови игралишта

15

“Почитувани тукушто го добив распоредот за изградба на нови детски игралишта” , објави предмалку градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Во досегашниот период добивме одреден број на сугестии и барања за изведување на нови детска игралишта во деловите на општината каде што нема или каде што треба да се рехабилитираат. Согласно тие барања и консултации со Месните заедници направен е овој план.

Веројатно сте забележале дека на некои локации веќе се работи како на пример во Расадник каде што се демонтираат и се вадат стари дотраени реквизити и се подготвува поставување на нови.

За да нема забуни, шпекулации или малициозни коментари сите игралишта што ги изведува општина Кисела Вода се според пропишаните стандарди за вакви објекти. Изработени се со соодветни материјали и пропишани безбедносни стандарди и мека подлога. Да Ве информирам дека материјалот за подлогата е прилично скап и да апелирам за внимание и грижлив однос.

Воедно останатите детски игралишта се одржуваат и се врши замена и сервисирање на постојните реквизити. Овие реквизити се јавно добро и треба сите заедно да ги користиме и да ги чуваме. Апелирам за внимателност и за одржување на хигиената на детските игралишта. Сезонските работници се секојдневно се грижат за хигиената но тоа треба да биде заедничка обврска на сите домаќини.

Да потсетам дека општината се грижи за сите Месни заедници подеднакво и за потребите на сите различни категории на граѓани подеднакво. Согласно тоа интервенираме и буџетот го насочуваме на сите различни потреби и барања на граѓаните. Се надевам дека со оваа интервенција сите граѓани и сите Месни заедници ќе имаат пристап и достапност до детски игралишта во своја бизина и на дечињата им посакувам безгрижна игра и дружење.

Доколку има дополнителни сугестии и предлози Ве молам да не известите.