Образованието и создавање и одржување на условите за квалитетно престој во училиштата се еден од највисоките наши приоритети. Во услови на ограничени расположливи средства и ресурси се одлучивме приоритет да дадеме за подобрени услови во училиштата и градинките. Овие инвестиции ќе останат да им служат на повеќе наредни генерации.

Веројатно репарирање на улиците ќе привлече поголемо внимание и задоволство кај поголем број на возачи, но исто така верувам дека соочен со овие алтернативи секој совесен граѓанин ќе го направи истиот избор, создавање на пристојни услови за престој на децата приоритет, а санирањето на улиците ќе остане за следната буџетска година. Согласно тоа инвестиравме во создавање подобри услови за престој и одржување на настава преку:

– реновирање на санитарните јазли во секое училиште

– реновиравме две училишни спортски сали

– изградивме нова училишна спортска сала во „Рајко“

– градиме пливачки базен во „Дуња“

– изведена е нова енергетско ефикасна фасада на две училишта која ќе овозможи одржување на пријатни услови за престој но и заштеда за буџетот и на долг рок поврат на инвестиција

– го поддржуваме квалитетот и посветеноста во образованието, засега обезбедивме само скромни награди за најдобрите наставници/чки, воспитувачи/чки и негуватели/ки, но работиме на натамошно подобрување на овој механизам

– обезбедивме поддршка и награда и за учениците кои постигнале вонредни резултати

– спроведуваме редовна дезинфекција, обезбедуваме мерки и средства за заштита од КОВИД-19

Во исто време и во установите за пред училиштен престој инвестиравме во:

– нови енергетски ефикасни фасада

– нови санитарни јазли

– нови дидактички средства и играчки

– нови креветчиња

– во завршна фаза е изградбата на нова градинка

Како жител на Кисела Вода и јас сакам и повеќе и поубаво, и секако работиме на тоа. Преку овие инвестиции обезбедуваме и рационална употреба и заштеда на средства кои ќе можеме да ги реинвестираме за понатамошно подобрување на условите и квалитетот на настава.

Како економист знам дека само инвестициите во образованието обезбедуваат вистински и многукратно поголем и немерлив поврат на средствата и напредок на заедницата и Дpржавата.

Нека ни е честит Меѓународниот ден на образованието!