Британската премиерка Тереза Меј свика итна седница на својот кабинет чии членови беа на одмор, за да расправаат за можноста за воена интервенција во Сирија, пренесе Washington Post.

Се работи за потенцијален одговор против армијата приврзана на Владата во Дамаск, а откако е обвинета за напад со хемиско оружје при што загинаа десетици цивили, меѓу кои и деца.

Меј алудираше дека сака соработка со САД при евентуален воен удар. Таа порано рече дека одговорноста на претстедателот на Сирија Башар ал Асад не е во прашање и дека неговите потези не може да поминат неказнето.

САД, Франција и Обединетото кралство разгледуваат можност за воена акција против владата во Дамаск. Опозициските партии сакаат Меј да побара одобрение од Парламентот, иако по закон не е обврзана на тоа.

Меј одби да ги коментира наводите за позиционирање на британските подморници недлаеку од брегот на Сирија.

Руските власти рекоа дека ќе одбијат секаков вид напад на Сирија. Москва е сојузник на владата на Дамаск која во последните неколку месеци доби превласт во седумгодишната војна. Повеќето земји сметаат дека Дамаск прави злосторство поддржувајќи поедини, но не сите буднтовнички фракции.