Во станбена зграда во изградба вчера околу 15:30 часот на ул. „ЈНА“ во Гостивар, при подигање  цигли со електрична дигалка од приземјето до четвртиот кат паднала една цигла којашто го погодила по главата Д.П. од Република Албанија.

Повредениот бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил пренесен во Невролошката клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.