Албанскиот претседател Илир Мета денеска во Тирана се сретна со претседателот на ДУИ Али Ахмети. Мета изјави дека на средбата со лидерот на ДУИ дал поддршка за дефинитивн решение за спорот за името на Македонија со Грција .

Според Мета решавањето на спорот ке го забрза приемот на Македонија во ЕУ како и нејзино заслужено место во НАТО алијансата .

,,Ние даваме потполна поддршка за решавање на спорот со името на Македонија и Албанија“, нагласи албанскиот претседател.

Албанските медиуми јавија дека на Утринската молитва што денеска се одржа во Тирана со претставници од европски држави, албанскиот претседател се помолил и за решавање на спорот со името на Македонија .

На Утринската молитва на која имало претставници од 15 земји од Европа, присуствувал и претседателот на Собранието Талат Џафери.