Овој викенд македонските кик боксери се натпреваруваа и постигнаа одличен успех на меѓународниот турнир Балкан Бест Фајтер кој се одржува во Јагодина, соседна Србија.
Македонската експедиција е составена од 191 натпреварувач, 31 тренер и 5 судии.
Томи Андонов е еден од надежите во светот на кик боксот. На овој турнир неговиот скор е 3/3, со што освои златен медал во кик лајт.
За успехот на Андонов заслужни се тренерите на кик бокс клубот “Каринг” Александар Стојковски и Андреј Георгиев. Од истиот клуб се натпреваруваше и Ѓорѓи Андонов на кого му беа украдени поени од судиите по што не го продолжи натпреварувањето понатаму.
Севкупниот скор на Томи Андонов во домашното кик бокс првенство е осум победи од осум борби со што ја има и титулата државен првак.