Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека тој ќе го оствари она што неговите претходници немеже да го постигнат, мислејќи на планираните разговори со севернокоорејскиот лидер Ким Џонг Ун, објави Си-Ен-Ен.

Сепак, тој потврди дека ќе биде подготвен да стане и да го напушти високоочекуваниот самит, доколку средбата не ги исполни неговите очекувања.

„Ако мислиме дека нема да биде успешна, нема да биде. Ако средбата не е плодна, со почит ќе го напуштам состанокот“, рече претседателот Трамп, стоејќи покрај неговиот јапонски колега на островот Мар-а-Лаго.

Трамп нагласи дека неговите позиции со Пјонгјанг остануваат посилни од било кога.

„Никогаш досега не сме биле во слична позиција како оваа со режимот, било да се работи за таткото, дедото или синот“ порача Трамп.

Американскиот претседател, кој минатиот месец неочекувано ја прифати поканата за разговори на севернокорејскиот лидер, продолжува со неговите планови, и покрај загриженоста на сојузниците како Јапонија, чиј премиер Шинзо Абе пристигна на Флорида за да го предупреди Трамп дека поранешните преговори на САД со Северна Кореја не успеале.