Најмалку 13 лица загинаа кога автобус се запали, по што удри во камион, пренесе турската новинска агенција „Анадолија“.

Агенцијата наведе дека автобусот удрил во камионот, кој стоел на кривина на автопатот во провинцијата Корум.

Неколку луѓе се повредени и се префрлени во болница.

Нема информации за нивната состојба.