Воена делегација од турската воена индустрија денеска треба да го посети Еурокомпозит во Прилеп, a тоа би требало да биде идниот странски инвеститор во оваа македонска фабрика за наменско производство.

Во меѓувреме дел од вработените по двомесечните блокади на патот Прилеп- Градско кај превојот Плетвар сега се во својот камп пред Влада на РМ откако остварија средба со премиерот Зоран Заев без постигнат договор околу исплатата на плата. Нивните првични барања беа таа да биде исплатена до петок пред првомајските празници. Сега владиниот предлог е тоа да се изврши во рок од 30 дена, што за вработените е неприфатливо.

Денеска се очекува бројот на камперите пред влада од вработени на Еурокомпозит да се зголеми уште за педесетина луѓе.