Владата го менува Законот за банки со што УЈП ќе добие слободен пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време.

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро се заснова на истите начела на кои се заснова и основниот текст на Законот.

Царинската управа, пак, ќе има увид во овие податоци со поднесување на писмено барање до банките. Во образложението на законот, кој деновиве е ставен на јавна расправа на ЕНЕР стои дека со овие измени ќе се овозможи Царината да врши присилна наплата на царинските давачки а УЈП полесно да ги изготвува годишните даночни пријави за следната година.

УЈП од 2019 година ќе изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник. Заради поедноставување на постапката, УЈП има потреба да добива податоци за остварените приходи на даночните обврзници по сите основи, без поднесување на поединечно барање, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Царинската управа има потреба од податоци за трансакциската сметка на граѓаните, заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки.

Од Министерството за финансии, велат дека  со измените засегнати страни се банките и граѓаните кои имаат трансакциски сметки и тие можат да се вклучат во јавната расправа со свои сугестии. Но засега, нема никакви коментари на законот.

Во согласност со Законот за кредитно биро, истакнуваат од Министерството за финансии, кредитното биро може да изготвува извештаи за состојбата на обврските на правни и физички лица, но не може да изготвува извештаи за нивната кредитна способност, што е вообичаена активност на кредитните бироа во меѓународни рамки

Основни решенија на предложениот закон се:

кредитното биро ќе изготвува извештаи за кредитно рангирање на кредитобарателите;

кредитното биро ќе обезбедува и податоци од јавни книги и регистри и други јавно достапни податоци и

банка со седиште во Република Македонија, врз основа на договор склучен со кредитното биро, ќе издава извештаи на кредитното биро за субјекти на податоци.