Министерот за здравство Венко Филипче апелира граѓаните кои денеска го слават верскиот празник Св. Никола, да не се групираат во домовите за да помогнат на здравствениот систем во борба со коронавирусот.

– Апелирам, овој празник денеска да го прославиме не како што знаеме традиционално со собири. Да останеме сите дома, да помогнеме со негрупирање да се надмине и овој ризик во склоп на оваа криза. Верувам дека новите мерки ќе дадат уште подобри резултати. Се намалува бројот на пациентите којшто се примаат во болниците и верувам дека граѓаните со својата свест и совест сериозно ќе помогнат на здравствените работници – рече Филипче.