Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека 91% од здравствените работници кои беа заболени од КОВИД-19 сега се целосно оздравени.

„Им одавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување“ напиша Филипче.

Претходно, Филипче напиша дека до крајот на неделата што следи ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција.