Државата, како и цел свет се бори против Covid-19.

Опозицијата, се бори единствено против Заев и Филипче.

Олабавете.

Како прво, и вие сте дел од техничката влада.
Како второ, ако можете и знаете, помогнете. Би било добредојдено. Ако не, не одмагајте.
Како трето, човечки е додека трае кризата сите да си помогнеме и да се заштитиме едни со други. Вирусот не познава партиска припадност.
Како четврто, вашите обиди за сеење на паника, страв и лажни вести нема да ве одведат никаде, иако го мислите спротивното.
И петто, ќе има време за политички мегдан, сега ставете ја државата, пред партијата. Колку и да делува тоа, утописки.

 

ФБ статус на Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово.