Огромна чест и задоволство ни е да објавиме дека Република Македонија и Централниот регистар по работните сесии предвидени во агендата на CRF 2018 и по одржаното генерално собрание на извршниот комитет, го превзема претседателството на форумот за 2019 година. Во изминатиот период Централниот регистар напорно работеше на проектите кои ќе бидат главен мотив и мото за меѓународните претставници, а високата делегација, предводена од Директорот на Централен регистар под мотото-Трансформирање на регистрите во меѓународни провајдери, без граници, најави дека потребен ни е современ пристап кон потребите на бизнис секторот и граѓаните, проекти кои се доволно флексибилни за да им овозможат на корисниците едноставен пристап до новите услуги и да бидат во чекор со постоечките, се вели во соопштението на Централен регистар на Македонија.