Бизнис секторот во Албанија е многу сиромашен поради тоа што над 40 насто од вработебните во секторот на земјоделството, живеат на граница на опстанокот, оцени Америкаската Агенција – ЦИА околу економскиоот развој на Албанија за 2017 година.

Албанските медиуми нагласуваат дека оценката на ЦИА се должи на корпулцијата, проблемите со лиценците, слабото работење на судството, недоволното почитување на договорите, како и застарената инфраструктура.

Овие проблеми фактички влијаат и на слабиот интерес за инвестирање на странските компании во земјата. Во земјоделството нема модерна технологија, се наведува во оценката на ЦИА.

Весникот „Дита“ кој ја пренесува оценката на ЦИА додава дека според истата проценка, во овој сектор, но и другите секори во Албанија има пораст на јавниот долг кој во 2013 година изнесуваше 6о насто од ДБП додека во 2016 година тој изнесува дури 72 насто.