„За решение на проблемот и прием на Македонија во НАТО и ЕУ е потребно сложено име со географска или времена одредница, за севкупна употреба, како и ревизија на Уставот“, го пренесува „Катимерини“ ставот на грчката Влада.

Грчките ставови се јасни – е одговорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас на реакцијата на претседателот Ѓорге Иванов, кој вчера порача дека за него е приприфатлива ерга омнес употреба на евентуалното ново име кое би се договорило со Грција.

„Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес“, соопшти вчера Кабинетот на претседателот на Република Македонија.