Сите заинтересирани лица постари од 25 години и имаат завршено минимум средно образование од денеска до 30 март можат да се јават на конкурсот за бесплатна обука на негуватели на стари и немоќни лица што го распиша Црвениот крст на град Скопје.

Лицата што ќе ја посетуваат обуката ќе добијат верифициран сертификат за негуватели на стари и немоќни лица.

– Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија, да бидат постари од 25 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, да имаат завршено минимум средно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, соопшти Црвениот крст на град Скопје.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: skopje.starilica@redcross.org.mk , на телефонскиот број 070 352 246 или во просториите на Црвен крст на Република Македонија на бул. „Кочо Рацин“ бр. 13 во Скопје.