Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.

Претседателот во името на македонските граѓани, го честитам 27 Јануари – Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и посака мир и радост.

-Овој важен празник е посветен на големиот српски духовник, просветител и градител Св. Сава кој е инспирација за генерации Срби да го негуваат својот идентитет, јазик, писменост и култура и да создаваат трајни вредности, – вели Пендаровски во честитката.

Тој додава дека како уставно призната и општествено ценета, српската заедница придонесува за изградбата и за развојот на нашата заедничка татковина, и за негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество, а за тоа сведочи и влогот на бројни истакнати припадници на српската заедница, кои го збогатуваат нашиот општествен, културен и политички живот.

-Заедно со македонската заедница во соседна Република Србија, српската заедница во Северна Македонија е цврст мост на пријателство меѓу двете држави чиишто односи се одликуваат со меѓусебно почитување и помагање, и во мирни и во турбулентни времиња, вели претседателот Пандаровски.