Нова социјалдемократска партија (НСДП) денеска ќе одржи четврти редовен конгрес, на кој ќе се обрати претседателот на партијата Тито Петковски.

На конгресот ќе се избира претседател на партијата, како и членови на Централниот и Надзорниот одбор, а ќе биде усвоена и Програмска платформа за делувањето на НСДП.

Во пресрет на конгресот имаше тензии  и препукување меѓу кандидатите за претседател на партијата, Тито Петковски и Љубомир Јосифовски. Поранешниот пратеник Јосифовски поднесе кандидатура за претседател и обвини дека стариот лидер Тито, никако да се повлече од функцијата и да отстапи место за млади и помлади кадри на оваа партија. Од партијата тврдеа дека единствена кандидатура е таа на Петковски.

НСДП соопшти дека на редовниот конгрес ќе учестуваат 500 делегати од сите општински организации на партијата.