Вчера во регионот на селото Живојно четири лица биле откриени од патролниот тим од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија и спречени во обид илегално да ја преминат државната граница од Македонија во Грција.

Поради непоседување документи за идентификација, тие биле приведени во полициска станица, јави МВР.

Станува збор за лицата A.Х.(43), E.T.(21), и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, од Албанија.

„Со наведеното дејствие тие сториле прекршок по член 9 став 1, а казниво по член 68 ст.1 т.1 од Законот за гранична контрола. Од страна на Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – Битола им било издадено решение за протерување на странец од РС Македонија“, информираат од МВР.