Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, ја почна официјалната посета на Соединетите американски држави со учество на тркалезна маса организирана од американскиот атлантски совет на тема „Балканот и членството во НАТО низ призмата на Македонија: Високи влогови во однос на глобалната безбедност и судбината на демократијата во една мала земја“.

На тркалезната маса министерката за одбрана зборувала за политичката криза во Македонија и новите реформски процеси, како и враќањето на земјата на патот кон евро-атлантските интеграции.