Претседателот на Бундестагот и поранешен германски министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека се надева оти Велика Британија ќе се предомисли со одлуката да ја напушти Европската унија по изразената поддршка од ЕУ за Лондон околу случајот Скрипал.

– Постојано продолжам да се надевам дека Британците ќе останат во ЕУ, рече Шојбле во коментар за денешните весници на медиумска група „Функе“, додавајќи дека исто така се надева оти Британците ќе видат „колку е убаво да не си сам во светот“.

Некои земји од ЕУ, вклучувајќи ги Германија и Франција, заедно со САД и НАТО, неделава протераа над 140 руски дипломати по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во британскиот град Солсбери.