Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 поднел жалба за притворот кој му го определи судот за предметот „Тенк“, со кој беше осуден на 9 години затвор.

Жалбата треба да ја разгледа советот и да донесе решение.

Тој е осуден на девет години затворска казна за незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година. Поповски треба и да ја надомести штетата од приближно половина милион евра и судските трошоци. Судијката рече дека Поповски бил свесен дека со неговото постапување може да настапи штетна последица и дека бил должен да се грижи за финансиите на МВР, кои всушност се пари на даночните обврзници.

Поповски претходно се изјасни дека не е виновен и дека очекува оослободителна пресуда. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување.