Во организација на собраниската Комисија за европски прашања, денеска ќе се оддржи јавна расправа на тема „Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“.

Според комисијата, поради важноста на темата, а со цел широка и конструктивна дебата на јавната расправа поканети се членови на Владата, медиуми, портали, новинарски друженија, претставници на разни институции и невладини организации.

Во јавната расправа, ќе учествуваат и пратеници кои се членови на комисиите за надворешна политика, за транспорт, врски и екологија, на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија и на Националниот совет за евроинтеграции.