-Се извинувам господине може ли да ми објасните каде се наоѓа една уличка во стариот дел на градот? ,, Да, да секако можам да ви објаснам но како ќе ја најдете вие таа уличка, вие сте слепа не гледате,. – Ќе ја најдам јас вие само објаснете ми како ќе ве слушам внимателно ќе запаметам. ,, – Госпоѓице тоа ќе биде многу тешко со оглед на вашиот хендикеп но јас сепак ќе ви објаснам.

Вака: Ќе одите право по главната улица околу пет минути, па ќе слушнете врева од луѓе тука има кафитерија треба да свртите десно и само право. Патот е со калдрма и не е равен а уличката која вие ја барате е некоја во тие стотина кои се наоѓаат во стариот дел од градот. Таму ќе мора да се снајдете и да прашате некого. Толку можам да ви помогнам. ,, Во ред гоподине ви благодарам премногу што ми објаснавте се извинувам за одземеното време, догледање,,( се насмевна таа толку љубезно и тргна право по главната улица).

Ја гледав и се запрашав: Како може да е толку сигурна дека ќе ја најде таа уличка и притоа слепа?! И решив да одам по неа. Таа одеше баш онака како што и објаснав јас, десет минути право и застана точно кај кафитеријата што и ја кажав. Сврте десно и право. Одеше внимателно кревајќи ги нозете по калдрмата. Се замислив до каде може да стигне. Се доближи внимателно до зидовите од куќите кои се прилепени една до друга и почна да оди по патот допирајќи ги со рацете.

Одеше како да го знаеше патот. Како да гледаше. Некаде застануваше и со рацете ги милуваше зидовите. Милион прашања во главава?! И застана. Пред една куќа со високи прозори и со многу цвеќиња во дворот. И извади клуч од ташната. Ја отвори вратата и влезе во куќата. Останав да чекам на улицата. После десет минути излезе и седна на масичката во дворот со цвеќиња. Не можев да издржам и отидов таму. И викнав: Госпоѓице јас сум дечкото што го прашавте за уличката во стариот град? Што ви објаснав?

Не се плашете само сакав да сум сиурен дека нема да се загинете. Таа се сврте и ми рече: Дојди. Дојди и седни тука,,. – И седнав. И ја прашав: Како ја најдовте уличкава и куќава кога не гледате а и ме интересира што баравте тука? Она што ми го кажа ќе го паметам цел живот и ќе се срамам. ,, Јас сум ти премногу благодарна што ми објасна точно каде се наоѓа уличката а сега дозволи јас тебе да ти објаснам нешто. Јас сум слепа и не гледам во право си, но мојата душа гледа и ме води. Пред многу години го изгубив срцето на истово место каде што ги изгубив и очите. Се вратив за да си го земам срцето назад. Секој зид што го допрев ми ги враќаше сеќавањата и јас знаев каде одам. Мирисот на цвеќињата ме носеше до овде. И јас дојдов и си го зедов срцето, затоа што ова е моето срце, овој дом кој го напуштив без очи и без срце. Сега сум на правото место. Јас и моето срце во едно. А моите очи ако ме прашуваш како сум ги изгубила ќе ти кажам. Гледајќи го секое зло кое луѓето си го нанесуваат меѓусебно, колку се повредуваат, колку мразат.

Гледајќи како децата ги губат своите животи во рацете на своите мајки оставени без помош, без одобрени средства за операција, гледајќи колку гладни и боси луѓе има а колку никој не им дава парче леб. Гледајќи како љубените се разделуваат за да заработат некој денар за да се вратат и да направат свое гнездо. Јас гледајќи го сево ова ги изгубив своите очи. Но не сум слепа. Јас гледам. А и да бев слепа мојата душа ќе ја најдеше оваа куќа. А ти додека мислиш дека оние кои се слепи се со хендикеп, ти ќе си тој кој ќе е со најголемиот хендикеп на овој свет затоа што не веруваш дека додека постои срцето и душата тие ќе го најдат секој пат и улица на овој свет. Тоа значи дека твоето срце слуша и гледа, и ги наоѓа сите патишта кои водат до љубовта. Сега оди и затвори ги очите.

Пушти го твоето срце да те води онаму каде што тоа сака да оди. А јас, јас и додека гледам ќе останам слепа. Моите очи никогаш нема да може да ја гледаат оваа болка низ светот.

Јасмина Петковска Белиот Лебед