По написите дека техничкиот премиер Џафери и неколку министри спротивно на законите и покрај пратеничката позиција остануваат и на министерските позиции, утрово од Министерството за одбрана стигна информација во кој известуваат дека министерката Славјанка Петровска повеќе нема да раководи со оваа институција.

До изборот на нов министер, таа функција ќе ја врши земеник министерот Тирон Јајага.

– Почитувани Министерството за одбрана Ве известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05 на министерката за одбрана Славјанка Петровска и заврши функцијата. До изборот на нов министер, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик министерот Тирон Јајага – се наведува во соопштението на МО.