Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола Груевски изјави дека против него нема ништо лично. Според него, нападот на седницата на која се изгласуваше Законот за употреба на јазиците е поради психолошката криза во која се наоѓа Груевски поради судските процеси за кривични дела кои се водат против него.

„Јавните личности се сами одговорни за нивното однесување во јавноста. Нападот е одраз на психолошка криза со оглед на тоа дека многу процеси за кривични дела се водат против него, како и неговата смена од претседателската функција во партијата. Сето тоа беше причина за во дадениот момент тој да не може да се исконтролира себе“, рече Џафери.