Претседателот на управниот одбор на една од најпознатите хрватски компаниии заработува во просек по 67.000 евра месечно.Како што пишува порталот danica.hr, тоа е Давор Томашковиќ, првиот човек на Кроација осигурување, а станува збор за вкупен бруто приход, кој вклучува плата, бонуси и примања како што се користење на автомобили и полиси за осигурување.Познати се и платите на другите членови на управниот одбор. Роберт Вучковиќ месечно заработувал вкупно 37.000 евра, Ванчо Бален 31.000 евра, а Лука Бабиќ 28.000 евра бруто.

Кроација осигурување лани оствари приход од 519 милиони евра со раст од 21,5 отсто, а нето добивката изнесува 47 милиони евра и е повисока за 13 отсто.

Компанијата лани имала во просек околу 2.400 вработени чија просечна нето плата, според Финансиската агенција, била само околу 450 евра нето месечно.