Поранешниот премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев упати честитки до новоизбраниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте..

“Упатувам честитки за изборот на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте. Уверен сум дека Алијансата ќе продолжи да се развива како најмоќен безбедносен сојуз во светот, за што до сега огромна заслуга имаше и претходниот ген-сек Столтенберг.

Руте е голем пријател на Северна Македонија. Тој како премиер на Холандија демонстрираше европско лидерство и посветеност и ни помагаше да опстоиме на европскиот пат и да ги надминуваме пречките кои доаѓаа од регионот или од самата ЕУ.

Благодарност до Руте и Столтенберг за сѐ што направија и што прават за Северна Македонија да го добие своето заслужено место на меѓународната сцена.

Посакувам успех, соработка, мир и безбедност.”