Коалицијата помеѓу ВМРО и ВЛЕН е во завршни преговори, скоро се поделени и министерските фотељи, се чека доделувањето на мандатот и гласање на нова Влада.

Во текот на вчерашниот ден Крешник Бектеши ја уверуваше јавноста дела ДУИ ќе биде дел од новата Власт, претходно и Али Ахмети во повеќе наврати го тврдеше истото.

Тука се поставува прашањето дали таа увереност доаѓа поради ветувањето на Александар Николовски кон ДУИ, поради близината на неговиот бизнис партнер од БИОТЕК, на кој токму ДУИ го овозможи влезот на Биотек во Косово и Албанија.

Во бизнис кулоарите веќе се знае партнерскиот однос на Александар Николовски со Биотек, а во последниот период веќе им се нудат и директорски места на блиски до Биотек во Јавните здравствени установи.

Во последниот прес на Николоски е споменат криминалот во ЕСМ, да го прашаме зошто не го спомена криминалот на неговиот бизнис партнер од Биотек по однос на добиените милионски тендери н ден 23.04.2024 во висина од 1.149.239 евра за модернизација и автоматизација мерење регулација, управување на технолошкиот процес во Те осломеј рек осломеј и 22.12.2023 година во вредност од 1.121.951 евра за Набавка, испорака и инсталација со пуштање во работа на опрема за континуирано мерење на дислоцира водород во текот тез рек Битола.

Дали инсистирањето на Николовски да биде министер за внатрешни работи е да го заштити криминалот на Биотек со СДСМ и ДУИ а преку тоа и одредени функционери од сега веќе поранешната власт.

Денес ги објавуваме зделките со ЕСМ, а во следниот период ќе бидат објавени и тендерите со здравствените институции во Македонија.

Дополнително, Николовски од лукративни причини, ги бара трите ресори Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Министерството за транспорт и врски со цел негово влијание во истите.

 

Извор: Извор  “X”